свет

Повредени новинари на „ТРТ Ворлд“, кои ги следат протестите во САД

Екипите на „ТРТ Ворлд“ во Вашингтон и Минеаполис се повредени од пластични куршуми и солзавец што полицијата ги користи за да ги растера демонстрантите

Ayşe Erkeç  | 02.06.2020 - Обновена : 03.06.2020
Повредени новинари на „ТРТ Ворлд“, кои ги следат протестите во САД

ИСТАНБУЛ (АА) – Две екипи на „ТРТ Ворлд“ („TRT World“) се повредени на протестите во Соединетите Американски Држави (САД), кои започнаа поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвикана од полициско насилство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според писмената изјава од „ТРТ Ворлд“, полициското насилство продолжува да се зголемува во антирасистичките протести што започнаа во САД, откако Флојд беше убиен од страна на полицијата.

Екипите на „ТРТ Ворлд“ во Вашингтон и Минеаполис се повредени од пластични куршуми и солзавец што полицијата ги користи за да ги растера демонстрантите.

Додека новинарката на „ТРТ Ворлд“ во Вашингтон, Сали Ајхан, пренесуваше за протестите пред Белата куќа и за безбедносните мерки преземени од Тајната служба, се случи најтешката интервенција од полицијата досега. За време на интервенцијата во која се повредени демонстранти, Ајхан е повредена со пластични куршуми во градите и нозете.

Друга екипа на „ТРТ Ворлд“ составена од дописникот Лајонел Донован и снимателот Барбарос Сајилган, во исто време се повредени во полициското насилство во Минеаполис. Донован е повреден со пластичен куршум во препоните .

„ТРТ Ворлд“ со своите екипи на терен продолжува да известува од најголемите протести во историјата на САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.