свет, Коронавирус

Во Индија во последните 24 часа регистрирани 8.171 случај со Ковид-19

Во земјата поради епидемијата од коронавирусот во последните 24 часа починаа 204 лица, со што вкупната бројка на починати достигна 5.598

Muhammet Nazım Taşcı  | 02.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Во Индија во последните 24 часа регистрирани 8.171 случај со Ковид-19

АНКАРА (АА) – Во Индија, бројот на случаи со Ковид-19 во последните 24 часа се зголемил за 8.171, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Министерството за здравство и благосостојба на семејството се истакнува дека бројот на случаи со Ковид-19 во земјата е зголемен на 198.706, со пораст од 8.171 во последните 24 часа.

Во земјата поради епидемијата од коронавирусот во последните 24 часа починаа 204 лица, со што вкупната бројка на починати достигна 5.598.

Пет дена последователно бројот на регистрирани случаи со Ковид-19 во земјата е над 7.000.

Во индиската држава Махараштра, која е најпогодена од епидемијата, бројот на заболени достигна 70.013.

По Махараштра, најпогодени од епидемијата се државата Тамил Наду со 23.495 случаи на коронавирусот, Њу Делхи и околните области со 20.834 и Гуџарат со 17.200 случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın