свет, Коронавирус

Во Русија бројот на заразени со Ковид-19 надмина 423.000

Во последните 24 часа во земјата регистрирани се 8.863 лица позитивни на Ковид-19

Ali Cura  | 02.06.2020 - Обновена : 02.06.2020
Во Русија бројот на заразени со Ковид-19 надмина 423.000

МОСКВА (АА) – Во Русија досега се детектирани 423.074 лица позитивни на новиот тип коронавирус, Ковид-19, додека бројката на починати од вирусот се искачи на 5.037, јавува Агенција Анадолија (АА).

Центарот за контрола и превенција на инфекции од коронавирусот соопшти дека во последните 24 часа во Русија регистрирани се 8.863 лица позитивни на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 423.741.

Со регистрирани 182 смртни случаја во последните 24 часа, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Русија достигна 5.037, а бројот на оздравени лица во последното деноноќие е зголемен за 11.108 лица и изнесува 186.985.

Процентот на дневен раст на лицата позитивни на тестот за коронавирусот во Русија изнесува 2,1 проценти, при што 41,9 проценти од новорегистрираните случаи немале симптоми на заразеност.

Главниот град Москва е центар на вирусот во земјата, каде што во последните 24 часа евидентирани се 2.286 новозаразени, со што вкупната бројка достигна 185.374 лица, додека во последните 24 часа регистрирани се 71 смртен случај, со што вкупниот број на починати во главниот град е зголемен на 2.624.

Во соопштението на Центарот се вели дека во главниот град оздравеле 88.269 лица.

Службата за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите информира дека во последните 24 часа се направени 228 илјади тестови, додавајќи дека досега се извршени повеќе од 11.100.000 тестирања за Ковид-19.

Службата во исто време објави дека 304.000 лица се наоѓаат под надзор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın