Ferdi Türkten
02 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека турските и руските сили ја реализирале четиринаесеттата заедничка патрола на Автопатот М4 во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека во рамките на договорот за спроведување заеднички контролни патроли помеѓу Турција и Русија, турските и руските сили ја извршиле четиринаесеттата копнена патрола на Автопатот М4 во Идлиб со учество на копнените и воздухопловните елементи.
Автопатот М4, исто така познат како патен правец Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб за прекин на огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување или по Автопатот М4.
Заедничките патроли започнаа на 6 март.