Mücahit Oktay
02 Јуни 2020•Ажурирај: 03 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Најмалку двајца војници загинаа во напад на воена база во Северна Дакота, во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Агенција Анадолија (AA).
Од воздухопловната база „Гранд Форкс“ е потврдено дека при отворањето оган во утринските часови загинале двајца војници.
Наведено е дека по нападот, што се случил околу 4:30 часот, ситуацијата во воената база е под контрола и истрагата е во тек.
Соопштено е дека имињата на војниците што го загубија животот, поради истрагата, ќе бидат објавени по 24 часа. Не се објавени ниту информации за тоа како е извршен нападот и дали напаѓачот е фатен.