Mustafa Melih Ahıshalı
02 Јуни 2020•Ажурирај: 02 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, во текот на изминатите 24 часа, како последица на Ковид-19 починаа 64 лица, со што вкупниот број на починати од вирусот во земјата достигна 7.942, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 64 лица.
Бројот на заразени во земјата се искачи на 157.562, со зголемување од 3.117 во текот на последното деноноќие.
Портпаролот Џиханпур, истакнувајќи дека 565 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, рече дека излекувани и отпуштени од болница се 123.077 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Тој исто така нагласи дека покраините Исфахан, Западен Азербејџан, Кирманшах, Хурмузган и Бушехр се ризични места.
Во Иран, Ковид-19 за првпат е регистриран во градот Ком, на 19 февруари.