Sibel Uğurlu
08 Ноември 2018•Ажурирај: 08 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турските и американските војници денес ја спроведоа втората заедничка патрола во северниот сириски град Мунбич, како дел од договорот за ослободување на подрачјето од терористичката организација ЈПГ/ПКК, соопшти денес турскиот министер за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што јавуваат репортерите на АА од теренот, турските и американските војници патролирале во подрачјето околу реката Саџу, која ја дели линијата на фронтот во Мунбич од градот Џарабулус, подрачје опфатено во офанзивата „Штитот на Еуфрат“.
Турските и американските војници започнаа со заедничкото патролирање на 1 ноември.
Од 18 јуни турските вооружени сили извршија 68 еднострани патроли во Мунбич.
Договорот за Мунбич меѓу Турција и САД се фокусира на повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од градот, со цел стабилизирање на регионот, кој се наоѓа во североисточниот дел од сириската покраина Алепо.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.
Операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна во август 2016 година и заврши во март 2017 година, имаше за цел елиминирање на терористичките закани долж границата во северните сириски подрачја на Џарабулус, Ал Раи, Ал Баб и Азаз, заедно со Слободната сириска војска.