Ahmet Gürhan Kartal
08 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
ЛОНДОН (АА) - Египетскиот новинар и активист за човекови права Осама Гавиш денес изјави дека дури и по 40 дена од убиството на саудискиот новинар, мора да продолжи притисокот врз саудиската Влада за да се открие што се случило со Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).
„Всушнот, по повеќе од 40 дена изгледа како меѓународната заедница да заборавила на убиството на Џамал Кашоги“, изјави денес за АА египетскиот новинар Гавеш.
„Како што можеме да забележиме, вестите за Џамал од насловни преминаа во дневни рутински вести, и тоа е токму она што Саудијците го сакаат, ним им треба време и ова е нивен лош влог“, потврди тој.
Тој додаде дека верува оти никогаш нема да се откажат и дека ќе продолжат да вршат притиок врз Саудијците, преку медиумите, со демонстрации и со барање одговори на прашањата:
Каде е телото?
Кој дал инструкции?
Кој е одговорен за ова убиство?
Кашоги, саудиски државјанин и колумнист во весникот „Вашингтон пост“ (The Washington Post), беше убиен на 2 октомври по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул.
– „Кашоги не е заборавен“ –
Германската новинарка Катрин Прибил изјави дека убиството воопшто не е заборавено.
Прибил за АА изјави: „Светот со право е сѐ уште шокиран од наведената бруталност како и од недостигот на информации од Саудиска Арабија.“
„Важно и добро е тоа што имаше седница за разгледување во ОН оваа недела“, изјави таа.
„Прашањата не треба да запрат сѐ додека секој не го добие својот одговор. Изледа дека Саудиска Арабија целосно го потценила светскиот бес, кој го предизвика случајот со убистовто на Кашоги“, додаде таа.
Прибил изјави дека новинарската заедница имала многу силна реакција на ова шокирачко убиство.
Осврнувајќи се на војната во Јемен, јужно од Саудиска Арабија, Прибил истакна дека војната не добила доволно внимание пред да се случи убиството на Кашоги.
„Добро е што улогата на Саудиска Арабија во Јемен дојде под лупа по убиството на Кашоги, како и сите продажни врски на некои западни земји со Саудиска Арабија“, рече таа.
„За жал, многу луѓе не се свесни за фактот дека има многу истражувачки или критички новинари низ светот кои се прогонувани, затворани или убиени поради вршење на својата работа, а нивната работа е систематски спречена“, додаде таа.
– Сојуз на новинари: „Не смее да постои неказнивост“ –
Големата Новинарска унија во Велика Британија оваа недела истакна дека владите низ светот имаат добро складирани средства за да ги донесат пред лицето на правдата убијците на Кашоги и лицата кои го наредиле ова убиство.
Портпаролот на Националната унија на новинари (NUJ) за АА изјави дека Унијата го поддржува повикот на Меѓународната федерација на новинари за владите да ја запрат нивната соработка со саудиските власти додека тие не ја кажат вистината и не ги уапсат сторителите.
„Групата го повтори својот повик до британската Влада да гарантира дека постои целосна и независна истрага за убиството на новинарот Кашоги“, изјави портпаролот, додавајќи дека не смее да постои неказнивост.
„Сите влади можат да дејствуваат - тие имаат економски лостови, дипломатски и меѓународни инструменти за да се обидат да ги донесат убијците и оние што го наредиле убиството пред лицето на правдата“, се вели во изјавата на Националната унија на новинари.