Mohamed Sabry Emam Muhammed
08 Ноември 2016•Ажурирај: 08 Ноември 2016
РИЈАД (АА) – Според соопштението од цивилната заштита, петмина државјани од Саудиска Арабија беа повредени кога проектил истрелан од Јемен експлодирал во југозападниот дел на саудискиот град Џизан, пренесува Anadolu Agency (AA).
На Твитер профилот на цивилната одбрана во Саудиска Арабија се додава дека во експлозијата се оштетени три автомобили.
Војниците од Саудиска Арабија и јеменските шиитски Хуси, кои Ријад ги обвинува дека се борат за својот регионален ривал Иран, честопати доаѓаат во судир на саудиско-јеменската граница.
Јемен е девастиран од војната којашто започна кон крајот на 2014 година, кога Хусите и нивните сојузници го окупираа главниот град и други делови од земјата.
Конфликтот ескалираше во март минатата година, кога Саудиска Арабија и нејзините арапски сојузници започнаа голема воздушна кампања против Хусите, во корист на јеменската Влада.
Во Јеменскиот конфликт загинаа речиси 7.000 луѓе, а повеќе од половина од нив беа цивили. Се проценува дека има повеќе од три милиони раселени лица поради недостатокот на храна и ширењето на болести.