Ayhan Şimşek
07 Мај 2024•Ажурирај: 08 Мај 2024
БЕРЛИН (АА) - Над 100 студенти денес поставија камп во кампусот на Слободниот универзитет во Берлин во знак на протест против израелската војна во Газа, јавува Анадолу.
Групата подигна шатори пред зградата на Универзитетот и разви транспаренти за солидарност со палестинскиот народ.
Носејќи куфии и веејќи палестински знамиња, студентите извикуваа слогани „Слободна, слободна Палестина!“, „Израел е терористичка држава“, „Срам да ти е Германијо“.
Универзитетската администрација преку соопштение објави дека обидот на студентите да го окупираат кампусот бил „неприфатлив“ и дека повикала полиција за да ги истера демонстрантите.
Откако минатиот месец на голем број американски универзитети започнаа протести за поддршка на Палестина, тие се проширија низ целиот свет, вклучително и на универзитетите низ Европа.