Barış Seçkin
28 Февруари 2017•Ажурирај: 28 Февруари 2017
РИМ (АА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Фредерика Могерини, изјави дека е потребно да се истакне напредокот во заедничката одбрана и надворешната политика на ЕУ, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини синоќа во Рим се сретна со италијанскиот министер за надворешни работи, Анџелино Алфано. На средбата, покрај темите поврзани со ЕУ, станало збор и за Самитот Г7, со кој ќе претседава Италија, за ситуацијата во Либија и во Сирија, како и за бегалската криза.
По средбата, Могерини и Алфано одржаа заедничка прес-конференција на која Могерини, не сакајќи да ги именува, им се обрати на екстремните десничари кои ја имаат Европа за цел во своите критики: „Најдобар одговор на критиките на одредени политички сили упатени кон Европа, таа може да даде станувајќи помоќна по кризите“.
Федерика Могерини посочи дека идната недела во Брисел ќе се одржи важен состанок. „В понеделник, во Брисел ќе се одржи средба на министрите за одбрана и за надворешни работи. Потребно е да се истакне напредокот по прашањето за заедничката одбрана и надворешната политика“, рече Могерини.
На средбата, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ ѝ се заблагодари на Италија за усогласеноста во соработката со Либија.
Министерот Алфано на средбата истакна дека е потребно одново да започне европскиот проект за заедничка одбрана.