Mutlu Demirtaştan
27 Март 2019•Ажурирај: 29 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број еден, беше поразен со резултат 2 : 1 од Роберто Баутиста-Агут во четвртото коло на Мајами Опен, американската турнеја во склоп на Мастерс-серијата, јавува Anadolu Agency (AA).
На турнирот кој се одржува во Мајами, светскиот рекет број еден, српскиот тенисер Ѓоковиќ, се соочи со Шпанецот Баутиста-Агут, кој е број 22 на АТП-листата.
Ѓоковиќ и покрај тоа што го освои првиот сет со 6 : 1, во наредните сетови ја загуби својата надмоќност. Баутиста-Агут другите два сета ги освои со резултат од 7 : 5 и 6 : 3 и го совлада Ѓоковиќ со 2 : 1 во сетови. Мечот траеше 2 часа и 29 минути. Шпанскиот тенисер во четвртфиналето на турнирот ќе се сретне со минатогодишниот шампион, Американецот Џон Иснер, кој е 7-ми на АТП-листата.
Ѓоковиќ, кој се збогуваше со Мајами Опен во четвртиот круг од натпреварувањето, претходно 6 пати го има освоено Мајами Опен. Ѓоковиќ овој месец учествуваше и на турнирот во Индијана Велс, во кој беше елиминиран во третото коло.