Admir Fazlagic
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Ракометарите на репрезентацијата на Македонија и на Германија одиграа нерешено, со резултат 25:25 во последното коло од Ц-групата на Европското првенство коешто се одржува во Хрватска, јавува Anadolu Agency (AA).
По две последователни победи, репрезентацијата на Македонија одигра нерешено и со тоа обезбеди прво место во групата и пласман меѓу 12 најдобри селекции на првенството, додека за Германија ова беше втор нерешен резултат.
Највеќе голови во репрезентацијата на Македонија постигна Филип Талески со 6 погодоци, а по пет голови постигнаа Дејан Манасков и Кире Лазаров.