AP
18 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
АСТАНА (АА) - Во пожар кој зафати автобус во Казахстан загинаа 52 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за вонредни состојби на оваа поранешна советска република во Централна Азија, соопшти дека трагедијата се случила во регионот Актобе, во северниот дел на земјата.
Министерството наведе дека од 57 лица во автобусот, петмина успеале да го напуштат возилото и да преживеат.
Казахстанските власти наведуваат дека петмината патници се здобиле со телесни повреди и дека се наоѓаат на лекување.
Во соопштението се наведува дека некои од жртвите биле државјани на соседен Узбекистан.