Ekipa
13 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
МУЛТАН (АА) - Најмалку 19 лица меѓу кои и жени и деца загинаа денес при судир на автобус и камион во Пакистан, соопштија локални официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила во близина на градот Фејсалабад во провинцијата Пунџаб во источниот дел на земјата, како резултат на „брзото и невнимателно возење”, изјави официјалното лице Мухамед Насим.
Како што објасни, несреќата се случила поради неприлагодена брзина со која возел возачот а на објавените видеоснимки се гледа особено уништениот автобус.
Во Пакистан се чести сообраќајните несреќи поради лошата состојба на патиштата, неодржување на возилата и невнимателното возење.