Mustafa Keleş
13 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ЊУЈОРК (АА) – По три години работа, затворен е каналот „Ал Џезира” Америка, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на „Ал Џезира” Америка, Ал Ансти, по пат на електронска пошта во јануари оваа година им соопштил на вработените дека овој канал од 30-ти април ќе престане со емитување на кабловската и дигиталната мрежа.
Како причина за ваквата одлука ги наведе економските потешкотии на американскиот медиумски пазар.
Вработените во каналот, на социјалната мрежа Твитер објавија заедничка фотографија од студиото и напишаа дека од синоќа прекинале со работа. Со затворањето на овој канал, околу 700 вработени останаа без работа.