Yusuf Özcan
12 Јануари 2022•Ажурирај: 13 Јануари 2022
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, соопшти дека џамијата во градот Кан ќе биде затворена поради наводна антисемитска реторика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за телевизискиот канал „Це њуз“ (Cnews), Дарманин, истакнувајќи дека во џамијата имало „антисемитски“ говори, рече дека џамијата ги поддржувала Колективот против исламофобијата во Франција и хуманитарната организација „Барака сити“, кои претходно беа затворени од Владата од различни причини.
Наведувајќи дека местото за богослужба ќе биде затворено поради овие наводи, Дарманин рече дека 70 џамии во земјата се „радикализирани“.
Забележително е дека од неодамна бројот на затворени џамии во земјата е зголемен, а исто така зголемени се и нападите врз џамиите.
На 25 октомври 2020 година, во градот Алон, Франција, на барање на Дарманин, затворена е џамијата на шест месеци со образложение дека „го брани радикалниот ислам“.
Дарманин претходно нагласи дека како резултат на инспекциите, затворени се 21 од вкупно 92 џамии во земјата.
Администрацијата на Париз беше критикувана за мешање во животите на муслиманите со „сепаратистичкиот“ закон што го усвои во август минатата година.