Michael Hernandez
13 Април 2016•Ажурирај: 15 Април 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Помошта од странство не треба повеќе да се смета како добротворен чин, туку како императив кој е клучен во борбата против екстремизмот и растечката хуманитарна криза, изјави познатиот пеач на групата У2, Боно, јавува Anadoly Agency (AA).
“Кога се структурира правилно, со фокус на бробата против сиромаштијата и подобрување на управувањето за квалификување за таа помош, тоа би било најдобар ѕид кој го имаме против насилниот екстремизам кој добива на сила во Сирија и Ирак”, изјави Боно во обраќањето на американскиот Конгрес.
Боно, кој неодамна се врати од Турција и Сомалија каде што со делегацијата од американски сенатори ги посети бегалските кампови во тие земји, изјави дека актуелната бегалска криза претставува егзистенцијален проблем за Европа.
“Интеграцијата на Европа, самата идеја на европското единство е загрозена”, изјави Ирецот зборувајќи за порастот на десничарските групи кои се спротиставуваат на прокотот на бегалци низ европските граници.
Речиси 175.000 бегалци и мигранти од земјите на Блискиот Исток и Африка по морски пат стигнаа во Европа на почетокот на оваа година. Во обид да го преминат Средоземјето, во истиот период загинаа 723 луѓе. Минатата година во Европа по морски пат стигнаа повеќе од милион бегалци, кажуваат податоците од комесаријатот на Обединетите нации за бегалци (UNHCR).