Ekipa
02 Септември 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
БЕРЛИН (АА) - Концертот на ирската рок-група „У2“ во Берлин, завршен е порано, бидејќи пејачот на групата, Боно Вокс, остана без глас, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Боно беше во одлична форма и немаше проблеми со гласот пред настапот, но по неколку песни доживеа потполно губење на гласот“, објави ирскиот бенд на интернет.
Во информацијата се наведува дека „не знаат што се случило и дека ќе побараат мислење од лекар“.
Германските медиуми информираа дека Боно успешно ја изведувал песната „Beautiful Day“, со помош на публиката во берлинската концертна сала „Mercedes-Benz“, за потоа да исчезне од бината.
На посетителите на концертот им е речено дека ќе дојде до куса пауза, за подоцна да бидат информирани дека концертот е завршен, со препорака да ги задржат картите за да бидат заменети.