Muhammed Enes Çallı
02 Ноември 2023•Ажурирај: 03 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес во Берлин оствари средба со својата германска колешка Аналена Баербок и со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, пренесува Анадолу.
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за надворешни работи на Туркије.

Средбите се реализирани на маргините на Министерската конференција за проширување и реформи на Европската Унија (ЕУ) во Германија.
На Конференцијата присуствуваат министрите за надворешни работи од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.