Levent Kişi
08 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
АНТАЛИЈА
Објавата на социјалните мрежи за концертот во Анталија на светски познатата пејачка Џенифер Лопез со етикетата „Анталија“ за 11 часа беше прегледана повеќе од 4,5 милиони пати и имаше десетици илјади коментари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Светски познатата пејачка Џенифер Лопез настапи во туристичкиот центар „Белек“ во Анталија, на 6 август, а со нејзината објава на социјалните мрежи придонесе за промоција на Анталија и на Турција.
Познатата пејачка Лопез на социјалните мрежи има 98 милиони следбеници. Нејзината објава „Beautiful show last night in Turkey“ со етикетата „Анталија“ предизвика голем интерес кај корисниците на социјалните медиуми.
Објавата за кратко време ја видоа повеќе од 4,5 милиони корисници, а имаше околу 14.000 коментари.
Некои од корисниците на социјалните медиуми од Турција во своите коментари истакнаа дека „објавувувањето е направено доцна и не е доволно“, а други пак ѝ се заблагодарија на Лопез за нејзината одлука да одржи концерт во Турција.