Levent Kişi
14 Август 2016•Ажурирај: 14 Август 2016
АНТАЛИЈА (АА) - Паркот на пеперутките во Анталија е добро позната туристичка дестинација, едно од местата во градот кои треба да се видат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во паркот, кој се протега на 15 хектари, посетителите можат да уживаат веќе неколку месеци.
Портокалови, жолти, кафеави пеперутки со различни големини со својот танц ги фасцинираат не само децата, туку и малку постарите.
Генералниот директор на паркот, Хаки Чолак, рече дека паркот има пространа ботаничка градина, каде што пеперутките можат слободно да летаат.
„Имајќи го предвид просторот за летање, ова е најголемиот парк на пеперутки во Турција. Имаме 15 видови на пеперутки дозволени со закон, и ги носиме од Филипините. Илјадници пеперутки во исто време ги пленат посетителите”, рече Чолак.
Во паркот се наоѓаат пеперутки од видот „Атлас”, за кој Чолак вели дека најмногу го привлекуваат вниманието поради тоа што се карактеристични по својата големина, тоа се најголемите пеперутки во светот.

Распонот на раширените крилја е 28 сантиметри, а потекнуваат од Индија.
Чолак изјави дека пеперутките бараат 70 проценти влажност и температура помеѓу 30 и 32 степени, додавајќи дека пеперутките бараат посебно внимание.
Директорот на паркот Чолак, нагласи дека пеперутките не можат да се произведат во паркот, и дека еднаш во две недели се носат околу две илјади пеперутки.

„Пеперутките ги носат во нивната трета фаза, бидејќи тоа е најсигурниот начин за нивна испорака. Три до четири дена по пристигнувањето во паркот, стануваат пеперутки и животот го продолжуваат во паркот”, објаснува Чолак.