Volkan Kaşik
14 Август 2016•Ажурирај: 15 Август 2016
МАЛАТИЈА (АА) - Турската владејачка партија на правдата и развојот (АК Parti) денес го прославува својот 15-тиот роденден, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменичката на претседателот на партијата, Ознур Чалик, во соопштението упатено по повод годишнината на Партијата изјави дека членовите на партијата пред 15 години тргнаа на тежок пат полни со љубов, ентузијазам и патриотизам.
Чалик, која потсети дека сегашниот претседател на Турција, Реџеп Таип Ердоган, пред 15 години наслушувајќи ја волјата на народот ја основа Партијата која досега внесе револуционерни промени во турската политичка историја.
Таа додаде дека откако се дојдени на власт, на изборите секогаш излегуваат посилни и со победа.
„Партијата АК основана, пред 15 години, е одраз на народот. Таа е волјата на народот и самиот народ. На овој тежок пат на кој тргнавме пред 15 години, со љубов, ентузијазам и патриотизам, чекоревме, чекориме и ќе чекориме со луѓето чија поддршка секогаш сме ја чувствувале”, нагласи Чалик.
Чалик додаде дека Партијата посилно од кога било е заедно со народот и чекори со крената глава и чист образ.
„Партијата АК со силата добиена од народот чекори со сигурни чекори кон целта за 2023 година, до кога останаа седум години. Нашата земја со економијата, технологијата, разбирањето на демократијата, слободата на верување ќе го заземе местото меѓу најразвиените земји во светот”, рече Чалик додавајќи дека партијата е гласот на народот.
Таа обидот за државен удар, извршен на 15 јули, го нарече црна дамка во демократската историја и во историјата на Републиката.
„ФЕТО се обиде Турција да ја фрли на работ на амбисот”, се присеќа Чалик која додаде дека верувале во народот и дека неговата волја е најмоќното оружје во светот.
„Ќе бидеме храбри и нема да се плашиме, ако треба ќе умреме, но никогаш нема да се откажеме од своите права”, рече Чалик.
Во Анкара денес, по повод одбележувањето на 15-годишнината, во седиштето на Партијата АК се одржува состанок на нејзините членови, а на програмата присуствува и претседателот на партијата, Бинали Јилдирим.