Ekipa
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во регионот на Дијарбакир, при терористички напад со автомобил-бомба од страна на терористите на ПКК врз станица за контрола на сообраќајот, животот го загубија двајца припадници на полицијата, едно дете, а 25 лица се повредени, јавува Аnadoly Agency (AA).
Според првичните проценки, во нападот двајца полицајци и едно дете го изгубија животот, а 25 лица се повредени.
Повредените се пренесени во различни болници во градовите Дијарбакир и Чинар, од страна на екипите на брза помош. Некои од повредените со хеликоптер беа пренесени во универзитетската болница на Медицинскиот факултет во Диџле.
При нападот се оштетени и други автомобили и автобуси.
Според информациите нападот е извршен на автопатот каде што во тек е изградба на мост со обиколница.
Во регионот е започната полицска акција за апсење на терористите.