Mehmet Tosun
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
АНКАРА
Неутрализирани се двајца од изведувачите на нападот врз Осман Ќосе, вработен во турскиот Конзулат во Ербил, од кои едниот е Хаџи Курхан со кодно име „Ботан“, додека вториот е Метин Акѓун со кодно име „Кендал“, кои се наоѓале во сината листа на барани лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, турската Национална разузнавачка служба (МИТ) и Турските вооружени сили (ТСК) на 30 јули извршија операција во подрачјето на Гара кое се наоѓа во северниот дел на Ирак врз едно возило во кое се наоѓале Курхан и неговиот помошник Акѓун, кои се претставници на таканаречените Специјални сили на терористичката организација ПКК и Соколи за слобода на Курдистан (ТАК).
Откриено е дека двајцата неутрализирани терористи учествувале во бројни активности, а Хаџи Курхан се наоѓал на сината листа на барани лица за тероризам.
Хаџи Курхан, роден во 1976 година, во терористичката организација ПКК се вклучил во 2002 година, додека во 2005 година работел како одговорно лице во кампот Хафтанин во Ирак. И во 2015 година, исто така, работел како одговорно лице во сириските подрачја на Хасека и Камишли, во рамки на ПКК/КЏК/ЈПГ. Се вели дека неговата сестра била припадничка на ПКК.
Курхан бил договорен за обучување во Сирија на нововклучените терористи во оваа организација, додека во 2015 година планирал да изврши активности во местата кои имаат туристичко, економско и стратешко значење во регионот на Медитеранскиот и Егејскиот Регион. Тој, исто така, во март 2016 година бил одговорен за граничната линија меѓу Сирија и Турција.
Во времето кога бил едно од одговорните лица на таканаречените Специјални сили и единици за антитероризам на ПЈД/ЈПГ, наречени „Ројава“, во 2018 година работел како одговорно лице во ирачкото подрачје на Амидија, при Специјалните сили на ПКК, додека во истата година бил назначен на висока функција во ТАК, која е една од параванските терористички организации на ПКК.
Од друга страна, Метин Акѓун, роден во 1990 година, во ПКК се вклучил во ноември 2014 година. Од тој период учествувал во различни напади во повеќе места во Турција.
Исто така, сестрата на Метин Акѓун, Неслихан Акѓун, со кодно име „Бериван“ во 2014 година се вклучила во руралната екипа на оваа организација, а од 2018 година е дел од екипата на Хаџи Курхан со кодното име „Ботан“, кому воедно му е и личен возач.