Ali Murat Alhas
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
ХАТАЈ (АА) - Безбедносните сили денеска во областа Хатај во југоисточна Турција запленија над 1,4 милион таблети екстази сокриени во камион, јавува Anadolu Agency (AA).
Обласниот Оддел за наркотици добил дојава дека камион превезува поголемо количество таблети екстази поради што е организирана акција.
Во акцијата на полициските сили учествуваа и две специјално обучени кучиња, а запленети се над 1,4 милион таблети екстази.
Уапсени се тројца Сиријци, а припадниците на безбедносните сили соопштија дека дрогата требало да биде префрлена во Саудиска Арабија.