Yıldız Nevin Gündoğmuş
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди подрачјето на Бозкурт кое се наоѓа на територијата на турскиот град Денизли, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од интернет-страницата на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), во 14:25 часот по локално време земјотрес со јачина од 6 степени го потресе подрачјето на Бозкурт.
Епицентарот на земјотресот бил на 1,74 километри близу селото Армуталани, на длабочина од 7,09 километри.
Претходно, во 14:19 часот подрачјето беше погодено од земјотрес со јачина од 4,2 степени.