Dejan Maksimoviç
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
СПЛИТ (АА) - Европското првенство за ракометари, неговото 13.издание, за љубителите на овој спорт на Балканот не можеше да понуди поубав почеток, јавува Anadolu Agency (AA).
„Балканскиот класик“ меѓу Хрватска и Србија во Арената Спаладиум ги фрли во сенка сите останати дуели од првиот круг. Денеска ќе се одигра и скандинавското дерби меѓу Шведска и Исланд, кој во групата А е вовед за она што ќе се следува во вечерни часови. Тука е и дуелот на финалистите од последното Светско првенство меѓу Франција и Норвешка во групата Б. Во сабота на програмата е уште еден регионален дуел меѓу Македонија и Словенија во Загреб.
Но она што го привлекува вниманието на јавноста од регионот е секако дуелот меѓу Хрватска и Србија во Арена Спаладиум со почеток во 20.30 часот. Се очекува вжештенана атмосфера во салата, иако од двете страни се трудат да ги прикријат постоечките тензии.
Насловот европски шампион ќе го брани Германија, а во борбата за медали, пред сите, ќе се вклучат и Хрватска, актуелниот светски шампион Франција, и олимпискиот победник Данска. Секако, тука се и Шпанија, Словенија, Норвешка, Шведска, Унгарија, Србија и Исланд.
Колку Европското првенство во ракометот е важен настан за Хрватска, докажува и најавата на доаѓањето на државниот врв на отворањето во Сплит. На трибините на „Спаладиум" би требале да бидат претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Андрија Пленковиќ, а свое присуство најави и Вања Удовичиќ, министерот за млади и спорт во Владата на Србија.
Во наредните петнаесет дена, од 12 до 28 јануари, Хрватска ќе биде центар на ракометот во Европа. Домаќините се потрудија се да се одвие во најдобар ред, мерките за безбедност во сите градови се на високо ниво, екипите се удобно сместени, навивачите со нетрпение очекуваат настапувања на своите миленици и сѐ е подготвено за ракометниот спектакл.
Во првата фаза 16 репрезентации се поделени во четири групи. Во наредната фаза ќе се пласираат трите првопласирани селекции од секоја од четири групи, и ќе формираат две групи со по шест екипи.
Секоја од нив ќе ги пренесе бодовите освоени во првата фаза во дуелите одиграни со три првопласирани селекции во групите. Се соединуваат групите А и Б, и групите Ц и Д.
Во другата фаза ќе се формираат групи I и II во која во три кола ќе се се сретнат само селекциите кои доаѓаат од различни групи. Двете првопласирани репрезентации ќе се пласираат во полуфиналето. Ова е воедно и последен пат европското првенство да се игра по ваков систем, бидејќи на наредното во Австрија, Шведска и Норвешка ќе учествуваат 24 репрезентации.
- Група А -
Хрватска
Шведска
Србија
Исланд
- Група Б -
Франција
Белорусија
Норвешка
Австрија
- Група Ц -
Германија
Македонија
Црна Гора
Словенија
- Група Д-
Шпанија
Данска
Чешка
Унгарија