AP
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
БАРСЕЛОНА (АА) - Колумбискиот дефанзивец, Јери Мина (23), премина од бразилскиот Палмеирас во Барселона, што претставува второ зимско засилување на каталонскиот клуб, по Филипе Кутињо, јавува Anadolu Agency (AA).
Мина премина во Барселона за обештетување од 11,8 милиони евра, и ќе биде првиот Колумбиец што ќе игра официјален натпревар за клубот од Шпанија.
Барселона и минатата година беше заинтересиран за Мина, но тогаш управата на Палмеирас не сакаше да го продаде, бидејќи тој беше еден од клучните играчи за освојувањето на бразилскиот шампионат во 2016 година.
Барселона и Палмеирас првично се согласија на трансфер за околу девет милиони евра, но подоцна, се договорија за нова цена и го забрзаа трансферот по неодамнешните повреди на францускиот репрезентативец Самуел Умтити.
Мина во досегашната кариера играше за Депортиво Пасто, Санта Фе и Палмеирас.
Во дресот на Палмеира дојде во 2016 година, и постигна шест гола во 28 натпревари. Во репрезентацијата на Колумбија постигна три гола во девет натпревари.