Mutlu Demirtaştan
11 Јануари 2018•Ажурирај: 11 Јануари 2018
ЈОКОХАМА (AA) - Казујоши Миура, 50-годишниот јапонски фудбалер, го продолжи својот договор со фудбалскиот клуб Јокохама, јавува Anadolu Agency (AA).
Фудбалскиот клуб од јапонската втора фудбалска лига, Јокохама, го продолжи договорот за една година со Миура, којшто од 2005 година го носи дресот на овој клуб.
Миура во својата кариера ќе ја започне 33. сезона, а претходно го носеше дресот на повеќе светски клубови како Сантос, Палмеирас, Коритиба од Бразил, Џенова од Италија, Динамо Загреб од Хрватска и Сиднеј од Австралија.
Миура минатата година ја доби тутулата најстар фудбалер што игра во еден професионален натпревар.
Тој во период од 1990 до 2000 година го носеше дресот на јапонската репрезентација каде што настапи на 89 натпревари и постигна 55 погодоци. Миура минатата сезона одигра 12 натпревари за Јокохама, и постигна само еден погодок.
Миура, кој ја носи титулата најстар фудбалер кој постигнал погодок во јапонските лиги, на 26 февруари ќе наполни 51 година.