Adam Abu-bashal
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
АБУЏА (АА) - Најмалку 60 луѓе се убиени во напади на вооружени лица во нигериската држава Кеби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештаите на националните медиуми, вооружени лица на мотоцикли во неделата навечер, на 6 март, нападнале борци-доброволци во селата во областа Сакаба во државата Кеби.
Од истрелите на вооружените лица животот го загубија најмалку 60 луѓе, а има и голем број на ранети.
Нафиу Абубакар, портпаролот на полицијата на Кеби го потврди инцидентот, но не даде информации за бројот на загинати и ранети.
Во некои држави во земјата употребата на мотоцикли е забранета, бидејќи вооружени лица вршат напади на мотоцикли.
Во јануари оваа година 50 луѓе беа убиени во напад на вооружени лица во регионот Данкаде во нигериската држава Кеби.