Dildar Baykan Atalay
08 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во своето обраќање од претседателската канцеларија, рече: „Останувам во Киев. Не се кријам, не се плашам од никого“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски им се обрати на јавноста од претседателската канцеларија за прв пат од почетокот на руско-украинската војна.
Во 9-минутно видео, Зеленски рече: „Порано кажувавме дека понеделник е тежок ден. Во нашата земја има војна и сега секој ден за нас е понеделник. Навикнати сме секој ден и секоја вечер да биде иста како оваа. Се наоѓаме на 12-ти ден од нашата борба, од нашата одбрана.“
- „Нема да остане трага од непријателот“
Зеленски истакнувајќи дека сите на теренот се во дефанзива, додаде: „Сите се таму каде што треба. Јас сум во Киев, и мојата екипа е со мене.“
Изразувајќи им благодарност до сите што „херојски“ се бранеа себеси и својата земја, Зеленски рече: „Знаеме дека омразата што ја донесе нашиот непријател преку бомбардирањето нема да остане во нашите градови. Нема да има трага од неа. Оваа омраза не е наша , затоа нема да има трага од непријателот. Ќе обновиме се од почеток. Градовите кои се уништени од напаѓачите. Ќе ги изградиме подобри од било кој град во Русија“
- „Упорни сме во преговорите“
Тврдејќи дека Русија не го исполнила ветувањето за отворање „хуманитарен коридор“ и дека отворила само одредено место за да можат медиумите да снимаат Зеленски рече: „Денес се одржа третата рунда разговори во Белорусија. Би сакал да кажам дека ова е трета и последна рунда, но, ние сме реални. Затоа ќе продолжиме да разговараме. Инсистираме на преговори додека не најдеме начин да му кажеме на нашиот народ ‘вака доаѓа мирот‘.“
Истакнувајќи дека потпишал указ за доделување државни награди за 96 Украинци кои ги загубија животите во војната, Зеленски рече: „Едно ќе кажам сега. Останувам во Киев. Не се кријам, не се плашам од никого.“