Şeyma Uzundere
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
АНКАРА (АА) - Висок функционер на Пентагон истакна дека досега се лансирани 600 руски ракети врз Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Си-ен-ен“ (CNN), што се заснова на изјавите на висок функционер на Пентагон, Русија испратила во Украина 95 отсто од своите сили што беа распоредени на украинската граница пред војната.
Исто така се додава дека Русија од почетокот на војната лансирала 600 проектили кон Украина.
Истакнувајќи дека Русија се соочува со „силен украински отпор“, претставникот рече дека руските сили сè уште се обидуваат да напредуваат во Киев, Харков, Чернигив и Мариупол.
Официјалниот претставник исто така нагласи дека Украинците сè уште имаат алатки за комуникација, интернет и медиуми во повеќето делови на земјата.