Elena Teslova
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
МОСКВА
Во пожар и експлозии, кои се случија во воено складиште во Сибир, Русија, загина едно, а повредени се осум лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Комисијата за истрага е потврдено дека во експлозијата која се случи завчера во депо за муниција во близина на градот Ачинск во регионот Краснојарск, на источниот дел на Сибир, загина едно лице.
Во тек е истрагата за овој настан. Министерството за итни случаи претходно денеска потврди дека од подрачјето, од депото оддалечено 20-ина километри, биле евакуирани 9.533 лица.