Talha Öztürk
06 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
БЕЛГРАД (АА) - Русија ќе го обезбеди одбранбениот систем „Панцир-С“ за Србија во наредните неколку месеци, во согласност со потпишаниот договор, јави српската државна новинска агенција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Метју Палмер, претходно ја предупреди Србија дека купувањето руско оружје може да наметне ризик од американски санкции.
Според српската државна новинска агенција „Танјуг“, одбранбените системи „Панцир-С“ - проектили од краток и среден дострел и противвоздушен систем, треба да пристигнат во Србија во наредните неколку месеци.
Шефот на руската државна компанија за извоз на оружје „Рособоронекспорт“ рече дека нема да има одложувања во испораките и дека сè се одвива според планираното.
„Договорот ќе се спроведе во наредните неколку месеци, а Русија ќе започне со испорака по обуката“, рече Микејев.
„Обуката на српските експерти продолжува“, додаде тој.
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, истакна дека ракетниот систем е гарант на долгорочниот мир во регионот.
Според извештајот, целта на снабдувањето со ракетен систем е да се заштитат критичните точки како што се аеродромите, командните и центрите за контакт од можни напади со авиони, хеликоптери и беспилотни летала.
Исто така нагласи дека ракетниот систем „Панцир С-1“ бил успешно користен во Сирија.
„Панцир С-1“ беше изложен заедно со ракетните системи „С-400“ за време на воената вежба во Србија во октомври.