свет

Повик од Рохани до САД за преговори и предупредување од војна

„Мирот со Иран е мајка на сиот мир, а војната со Иран е мајка на сите војни. Дали сакате безбедност за вашите трупи во регионот? Тогаш, одговорот за безбедноста е безбедност. Ако наштетите на нашата безбедност...“

Ahmet Dursun  | 06.08.2019 - Обновена : 07.08.2019
Повик од Рохани до САД за преговори и предупредување од војна

АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Иран е за преговори, но за да започнат преговорите, Соединетите Американски Држави (САД) мора да ги укинат сите санкции, пренесува Anadolu Agency (AA).

Иранскиот претседател Рохани, во иранското Министерство за надворешни работи се состана со шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф, кој се наоѓа на американската листа санкционирани поединци.

На средбата Рохани рече дека со воведувањето санкции против иранскиот лидер Али Хаманеи и против министерот за надворешни работи, Зариф, САД покажуваат дека не се искрени за започнување на преговорите.

„Тие велат дека сакаат да преговараат без предуслови, но следниот ден наметнуваат санкции на големиот револуционерен лидер [Хаманеи]. Тогаш, како ќе преговараме? Ако прифатиме да преговараме, кој ќе ја донесе конечната одлука за ова? Вие го знаете нашиот Устав. Ако не дозволи лидерот, како ќе има преговори? Потоа пак велат дека сакаат да преговараат. Потоа наметнуваат санкции за министерот за надворешни работи. Со кого ќе преговарате? Министерот за надворешни работи е одговорен за преговорите. Ако еден ден решиме да преговараме, тој ќе преговара со вас“, додаде Рохани.

Истакнувајќи дека во администрацијата на Вашингтон не работи политичкиот механизам, претседателот на Иран рече: „Ние и претходно кажавме, сега потенцираме. Иран е способен за преговори и дијалог. Ако САД навистина сакаат преговори, пред сѐ треба да ги повлечат санкциите.“

- „Војната со Иран е мајка на сите војни“ -

Иранскиот претседател на состанокот се осврна и на тензиите со САД во регионот.

„Мирот со Иран е мајка на сиот мир, а војната со Иран е мајка на сите војни. Дали сакате безбедност за вашите трупи во регионот? Тогаш, одговорот за безбедноста е безбедност. Ако наштетите на нашата безбедност, не можете да размислувате дека ќе бидете безбедни. Одговор на мирот е мир, одговор за нафтата е нафта. Не можете да ја блокирате нашата нафта, а да дозволите другите да продаваат нафта“, нагласи Рохани.

- „Ако ни го затворите теснецот Гибралтар, Ормудскиот Теснец нема да биде отворен за вас“ -

Во врска со танкерската криза со Велика Британија, Рохани истакна дека британските бродови не се движеле во согласност со поморските правила во Персискиот Залив, туку дека досега ги игнорирале тие прекршувања.

Истакнувајќи дека за време на мирот и пријателството ги игнорирале тие прекршувања, Рохани нагласи: „Зошто денес би ги дозволиле вашите прекршувања? Видовте дека не дозволивме. Кога Револуционерната гарда симнуваше војници од хеликоптер во вашиот танкер, британскиот воен брод отстрана го гледаше тоа. Не успеа да интервенира.“

Рохани, обраќајќи се до Владата на Велика Британија, истакна: „Не кажувајте работи што не можете да ги направите. Ако ни го затворите теснецот Гибралтар, Ормудскиот Теснец нема да биде отворен за вас.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın