Betül Yürük
06 Август 2019•Ажурирај: 10 Август 2019
ЊУЈОРК
Весникот „Њујорк тајмс“ (New York Times) објави статија во која вели дека доколку извршителот на масовните вооружени напади што изминатиов викенд се случија во американската сојузна држава Тексас и Охајо бил муслиман, тогаш веднаш ќе беа мобилизирани и американската Влада и нејзините меѓународни сојузници, но бидејќи станува збор за „расистички тероризам од страна на белците“, целиот случај се игнорира, јавува Anadolu Agency (AA).
Како главен текст во весникот е објавена статија во која се истакнува дека на нападите изведени од „бели расисти“ не им се придава иста реакција како во случаите кога нападите се изведени од муслимани. Во текстот се вели „Доколку нападот беше изведен под името на исламот, тогаш власта со сета своја моќ ќе работеше да го спречи пристапот на терористите до платформите од кои би ширеле оружје, пари и идеологија, на поддржувачите ќе им воведеше санкции, а против оние кои им помагаат и им даваат засолниште ќе подигнеше истрага. Како што можеше да се претпостави, во осудата на муслиманскиот екстремизам се зазема поостар став, а странските земји од кои не е добиена посакуваната помош би се соочиле со санкции или пак ќе беше упатен апел да се забрани влез на муслиманите во САД.“
- „Колку и терористичките расистички напади изведени од белците се „внатрешен терор“, идеологијата е глобална“
Колку и терористичките расистички напади изведени од белците можат да се именуваат како „внатрешен терор“, во текстот се посочува дека таквата идеологија е глобална, истакнувајќи дека напаѓачот во манифестот наведува дека инспирацијата за нападот во Ел Пасо ја добил од терористичките напади што беа изведени врз две џамии во градот Крајстчрч на Нов Зеланд.
Во текстот објавен во „Њујорк тајмс“ се вели дека во најмалку еден од три расистички напади изведени од белци, инспирацијата за нападот е добиена од слични напади, и продолжува со зборовите „Поддржувачите на идеологијата за супериорноста на белците која содржи меѓународно насилство се собираат со цел да ги шират своите идеи преку онлајн-платформи, да ги планираат нападите и да поттикнуваат терористички активности.“
- Расизмот на белците во периодот на Трамп доби нова димензија“
Авторот на текстот истакнува дека иако можеби расизмот на белците влече корени од минатото, тој добил нова димензија во периодот на Трамп и се легитимизирал, наведувајќи дека телевизискиот канал „Фокс њуз“ (Fox News), кој е симпатизер на Трамп, отвора дебати на темите „Имигрантите сѐ повеќе го заземаат местото на Американците“ и „Имигрантите ја окупираа Америка“.
Според Федералното истражно биро (FBI) на САД од 2001 година досега, многу е поголем бројот на загинати во напади дефинирани како внатрешен терор или во расистички напади од белци од оние напади во кои е посочено дека извршители се муслимани, но ФБИ поголемиот дел од своите ресурси ги префрлило на Агенцијата за борба со меѓународен тероризам.
Во објавениот текст се вели дека претседателот на САД, Доналд Трамп, неволно го осудил нападот, истакнувајќи дека конзервативните политичари и верските лидери треба да вложат повеќе напори во осудата на расизмот извршен од белците, а банките да го спречат финансирањето на ваквите групи, додека технолошките компании, како што ги затворија платформите од кои преку социјалните мрежи се ширеше пропагандата на ДЕАШ, треба да ги затворат и медиумите кои ја пропагираат „супериорноста на белците“.