Mehmet Hatipoğlu
11 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
АТИНА (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека треба да се намалат страдањата на луѓето во Сирија и нагласи дека најважен е односот едни со други во борбата против ДЕАШ и нејзиното понатамошно ограничување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во текот на својата посета на Грција, Јенс Столтенберг се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по која одржаа заедничка прес-конференција.
Столтенберг, одговарајќи на прашањето за активностите на бродовите за сондажа на Турција во источниот Медитеран, рече: „Улогата на НАТО не е да заземе став за меѓународните прашања. Очекуваме сите земји да го почитуваат меѓународното право.“
Премиерот Мицотакис, изразувајќи благодарност до Столтенберг за неговиот придонес во борбата против приливот на бегалци во Егејот, рече дека од Алијансата побарал да придонесе повеќе во однос на тоа.