Zehra Ulucak
11 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
МЕКСИКО (АА) - Најмалку пет лица се убиени во вооружен напад на ноќен клуб во мексиканската држава Гуанахуато, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Повеќе непознати напаѓачи упаднаа синоќа по полноќ во ноќниот клуб во градот Саламанка, а потоа отворија оган на гостите и вработените“, јавува дневниот весник „Ел Универсал“ (El Universal).
Официјалните претставници во градот Саламанка потврдија дека во нападот биле убиени најмалку пет лица, додека за мотивите за нападот сè уште нема информации.
Според достапните информации, во мексиканската држава Гуанахуато во првите осум месеци од оваа година се евидентирани 2.275 убиства.
Во првата половина на оваа година, на подрачјето на Мексико, најмалку 17.608 лица беа жртви на убиства.