Gözde Bayar
11 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
КАРТУМ (АА) - Парламентот на Судан изгласа продолжение на вонредната состојба во земјата за уште три месеци, изјави синоќа Мухамед ал Факи Сулејман, претседавачот со Врховниот совет, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Продолжението на вонредната состојба стапува на сила од петок“, истакна тој во соопштението.
Во февруари, тогашниот претседател Омар ал Башир прогласи вонредна состојба во земјата за едногодишен период, но Парламентот го одобри прогласувањето вонредна состојба за период од шест месеци. Потоа, по соборувањето на Ал Башир, Преодниот воен совет (TMC) во јули го одобри тримесечното продолжување на вонредната состојба.
По повеќемесечните антивладини протести, претседателот Омар ал Башир, кој владее со земјата од 1989 година, беше соборен од Суданската армија во април. Војската го формираше Преодниот воен совет, кој требаше да управува со земјата за период од две години. Сепак, во август, Преодниот воен совет (TMC) и опозициската Сила за слобода и промена (FFC) постигнаа конечен договор за поделба на власта, така што земјата сега е предводена од Врховниот совет.