Halit Süleyman
04 Јуни 2016•Ажурирај: 05 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушните напади на руски авиони во сирискиот Алепо, загинаа осум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Според претставници на локалната цивилна заштита, нападот беше спроведена во населбата Сахур, а покрај загинатите, ранети се и десетици луѓе.
Повредените се пренесени во блиските болници. Избувна пожар на повеќе автомобили.
Локални извори велат дека руските авиони ги бомбардираа и населбите Kантраји и Хелек.