Emel Öz Gözellik
11 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската државна новинска агенција ИРНА извести дека се случила експлозија на ирански танкер за нафта недалеку од саудискиот град Џеда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата јавува дека експлозијата се случила откако две ракети го погодиле танкерот.
Наведено е дека по експлозијата, поради оштетување на танкерот, имало излевање на нафтата во Црвеното Море.