Операција Извор на мирот

Откриени деталите од турско-американските преговори за операцијата во Сирија

Во текот на средбите Американците ги прашувале припадниците на ЈПГ за специфични логистички детали, за местата од кои ќе се повлечат...

Tuğrul Çam  | 18.10.2019 - Обновена : 20.10.2019
Откриени деталите од турско-американските преговори за операцијата во Сирија

АНКАРА (АА) - Се дознава дека за време на средбата меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) околу постигнувањето на договорот за операцијата „Извор на мирот“, американската страна постојано била во комуникација со ЈПГ/ПКК, разговарајќи со терористичката организација на теми поврзани со повлекувањето од безбедносната зона, јавува Anadolu Agency (AA).

Висок функционер на САД по средбата во Анкара, за време на летот кон Вашингтон, на еден од новинарите кои патувале заедно со американскиот потпретседател Мајк Пенс, дал детали од средбата.

Според информациите на високиот американски функционер, во текот на средбите кои траеле повеќе од четири часа, американската страна постојано била во контакт со припадниците на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Во текот на средбите Американците ги прашувале припадниците на ЈПГ за специфични логистички детали, како на пример, за местата од кои ќе се повлечат. Освен тоа, американската страна побарала од ПКК/ЈПГ да запре со минофрлачки гранатирања врз територијата на Турција.

Американскиот функционер, коментирајќи ја изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу „Ова не е примирје, станува збор за привремен прекин на операцијата“, зборовите на Чавушоглу ги поврза со „семантичките разлики“ во турскиот и англискиот јазик. Американскиот функционер рекол дека паузирањето подразбира примирје и навел дека „постои договор“.

Според информациите што ги пренел американскиот функционер, на американската страна од еден збор на турскиот претседател Ердоган ѝ било јасно дека по долгата средба ќе се постигне договор.

За време на разговорите запрашал колку ќе трае повлекувањето на припадниците на ЈПГ. Американските претставници ова прашање го разбрале како сигнал дека на крајот од разговорот ќе се постигне договор.

Роберт О’Брајан, советник за национална безбедност на Белата куќа, како член на делегацијата, заедно со Џејмс Џефри, специјалниот претставник на САД за Сирија, Пенс и американскиот министер за надворешни работи, Мајк Помпео, во Анкара пристигнаа еден ден порано и остварија средби со турските државни претставници, со цел усогласување околу предлогот заедно со турската страна за тој да биде прифатен.

Содржината од договорот до која е дојдено по заедничка работа со турската страна, Пенс и претседателот Ердоган ја разгледале пред таа да биде прифатена. Пенс и Помпео работеле на содржината на текстот од договорот. По извршените одредени корекции, презентирана е конечната верзија на текстот.

Во текот на средбата меѓу делегациите, турската страна на дневен ред го поставила прашањето за турските жртви. Пенс, кој во тој момент зборувал дека на преговарачката маса од американска страна има лица кои служеле во армијата, им изразил сочувство на претседателот Ердоган и на Турција.

Откако американската делегација ја напуштила Анкара, Пенс во авионот телефонски ги побарал влијателните имиња од американскиот Конгрес. Тој во текот на летот разговарал и со претседатели на комитети од Конгресот поврзани со темата, меѓу кои имало и членови на Демократската партија.

Американските функционери, учесници на средбата меѓу турската и американската делегација, биле запрашани дали на дневен ред било поставено писмото што претседателот на САД, Доналд Трамп, на 9 октомври му го испратил на претседателот Ердоган. Високиот американски функционер истакнал дека на состанокот не станало збор за писмото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.