Операција Извор на мирот

Сирија: Тел Абјад расчистен од терористите, животот се враќа во нормала

Од снимките на Anadolu Agency (AA) се гледа како пекарниците, маркетите, рестораните, кројачките дуќани, слаткарниците, продавниците за облека и обувки продолжуваат со својата секојдневна работа

Ekipa  | 18.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Сирија: Тел Абјад расчистен од терористите, животот се враќа во нормала

Tel Abyad

ТЕЛ АБЈАД (АА) – ОМЕР КОПАРАН –

Жителите на Тел Абјад го продолжуваат својот нормален живот во подрачјето кое со операцијата „Извор на мирот“ е расчистено од терористи, а продолжува и враќањето на жителите кои привремено ги напуштија своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).

По расчистувањето на Тел Абјад од терористите, животот во тоа подрачје се враќа во нормала.

Од снимките на Anadolu Agency (AA) се гледа како пекарниците, маркетите, рестораните, кројачките дуќани, слаткарниците, продавниците за облека и обувки продолжуваат со својата секојдневна работа.

Се забележува дека голем број цивили, вклучително и жени и деца, купуваат во продавниците во најфреквентните улици, а градот, исто така е исчистен и од симболите на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Среќата на семејствата што се враќаат во своите домови е видлива во нивните очи.

Возењето со велосипеди на децата по улиците и разговорите на возрасните пред продавниците и во рестораните покажува дека за кратко време ќе бидат избришани трагите од теророт.

- „[ЈПГ/ПКК] нам ни го покажа пеколот“ -

Повозрасен жител на Тел Абјад кој се врати во својот дом, во изјавата за АА рече: „[ЈПГ/ПКК] нам ни го покажа пеколот. Не дозволуваа нашите возила да излегуваат и да влегуваат во областа. При секој излез и влез ни земаа пари. Расизмот кај нив е на највисоко ниво. Ние, Арапите, не сме расисти. И немаме такви претензии кон Курдите.“

- Состојбата во Тел Абјад -

Подрачјето на Тел Абјад, поврзано со Рака, чие население е претежно арапско, во јуни 2014 година беше окупирано од терористичката организација ДЕАШ.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК една година подоцна со интензивна поддршка од Соединетите Американски Држави (САД) ја презеде контролата врз Тел Абјад.

Терористите на ПКК ги примораа Арапите од подрачјето и Туркмените што живеат во западниот дел да го напуштат подрачјето со закани дека „коалициските авиони ќе извршуваат воздушни напади во регионот“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.