Операција Извор на мирот

Ердоган: „Ако не се исполни ветувањето, нашите операции ќе продолжат многу порешително“

Ердоган во Истанбул се сретна со претставниците на странските медиуми. Тема на средбата беше ставот на Турција во однос на сириското прашање и синоќешниот договор со САД

Ekipa  | 18.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Ердоган: „Ако не се исполни ветувањето, нашите операции ќе продолжат многу порешително“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека Турција планира да врати 1 до 2 милиони сириски бегалци во безбедносната зона додавајќи дека воо моментот во Турција има 3,6 милиони Сиријци, од кои 350.000 се Курди кои дошле од местата окупирани од терористичката ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган во Истанбул се сретна со претставниците на странските медиуми. Тема на средбата беше ставот на Турција во однос на сириското прашање и синоќешниот договор со САД.

- „Операцијата „Извор на мирот“ не е нешто што e испланирано за миг“ -

Во својот говор претседателот Ердоган за операцијата „Извор на мирот“ рече:

„За кратко време од неколку точки влеговме во длабочина од 30 километри. Оттогаш одеднаш се промени ставот на голем број земји, главно САД и Европа. Мислам дека во првите два дена мислеа дека Турција не може да постигне таков успех. Затоа имаше релативно мали реакции. Откако се дозна дека Турција успешно ќе ја заврши операцијата, реакциите достигнаа ниво надвор од границите на разумот и логиката.“

„Операцијата „Извор на мирот“ не е нешто што е испланирано за миг. Кога ќе се вратиме наназад, ќе видиме дека траела, 3, 4, 5 години“, нагласи Ердоган, и додаде: „Турција уште од самиот почеток во секоја пригода кажуваше дека го почитува територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија.“

„Турција планира да врати 1 до 2 милиони сириски бегалци во безбедносната зона“, рече Ердоган, и додаде: „Во моментот во нашата земја има 3,6 милиони Сиријци, 350.000 се Курди кои дојдоа од местата окупирани од терористичката ЈПГ.“

Претседателот Ердоган, исто така истакна дека Турција во секој поглед спровела една прецизна операција, што претставува редок пример во светот.

- „ТСК нема да го напуштат регионот“ -

Во однос на операцијата „Извор на мирот“, Ердоган рече: „Откако сфатија дека операцијата на Турција ќе заврши успешно, реакциите се зголемија на ниво надвор од границите на логиката и разумот. И покрај тоа, ние продолживме решително со операцијата.“

„Турските вооружени сили (ТСК) нема да го напуштат регионот, бидејќи суштината на безбедноста таму го бара тоа“, рече Ердоган, и додаде: „Операцијата „Извор на мирот“ ја започнавме затоа што моравме. Ако посветеа внимание на нашите предупредувања во врска со терористичката организација ПКК/ЈПГ, сега немаше да се справуваме со ваков проблем.“

„Ако ветувањето не се исполни, во минута по 120-тиот час, нашите операции ќе продолжат многу порешително“, нагласи претседателот Ердоган, и подвлече: „Во вторник ќе се сретнеме со Путин во Сочи за да разговараме за прашањата кои ги интересираат Русија и режимот во врска со овој случај.“

Претседателот Ердоган, исто така рече: „Ако Америка може да ги одржи ветувањата што ни ги даде нам до вторник вечер, кога ќе заврши рокот од 120 часа, ќе се реши прашањето за безбедносната зона.“

- „Сакаме да знае дека кога ќе дојде време, ќе се направи тоа што е потребно“ -

Во однос на писмото на американскиот претседател Доналд Трамп, Ердоган рече: „На денот на состанокот, во медиумите се појави писмо на претседателот Трамп, кое не е компатибилно со политичката и дипломатската учтивост.“

Претседателот Реџеп Таип Ердоган продолжи:

„Секако дека ние тоа не го заборавивме. Не е ни добро да се заборави, но нашето меѓусебно почитување не ни дозволува ова постојано да го задржуваме на агендата. Оваа тема не ја гледаме како денешно прашање и како приоритет. Сакаме да знае дека кога ќе дојде време, ќе се направи тоа што е потребно на оваа тема.“

- „Во Сирија не може да се постигнат мирот и безбедноста што се посакуваат без целосно да бидат искоренети терористичките организации“ -

Ердоган на средбата со странските медиуми исто така изјави: „Кога ќе заврши работата на новиот Устав и кога ќе се обезбеди територијалниот интегритет на Сирија и политичкото единство, секое место ќе биде под контрола на легитимната влада на оваа земја. Доволно да не се толерираат терористичките организации, како што се ПЈД/ПКК/ЈПГ и ДЕАШ. Во Сирија не може да се постигнат мирот и безбедноста што се посакуваат без целосно да бидат искоренети терористичките организации.“

„Се надевам дека Уставниот комитет, кој ќе се состане во Женева на 30 октомври, ќе биде пресвртница во процесот на политичко решение на кризата во Сирија“, рече Ердоган.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.