Zafer Fatih Beyaz
09 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека операцијата „Извор на мирот“ исто и како при операциите „Штитот на Еуфрат" и „Маслинова гранка" е насочена само кон терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството за национална одбрана на Турција на својот официјален Твитер профил се осврна на операцијата „Извор на мирот“.
Во соопштението на Твитер се потсетува дека Турските вооружени сили операцијата „Извор на мирот“ ја започнале во 16:00 (по турско време) подготвен под инструкциите на претседателот Ердоган.
„Како и при операциите Штитот на Еуфрат и Маслинова гранка, и оваа операција ќе биде насочена само кон терористите. Се посветува внимание и чувствителност за да не биде нанесена штета на цивилите, историските, културните, религиозните објекти, инфраструктурните објекти и елементите на сојузничките земји“, се истакнува во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција.“, се истакнува од Министерството.