Enes Canlı
10 Октомври 2019•Ажурирај: 12 Октомври 2019
АНКАРА
Со започнувањето на турската операција „Извор на мирот“, чија цел е оневозможување на формирањето терористички коридор до јужната граница со Турција и воспоставување мир и спокој во регионот, профилите на социјалните мрежи блиски до терористичката организација ЈПГ/ПКК веднаш започнаа со манипулациите и дезинформациите, јавува Anadolu Agency (AA).
Фотографии од сириската граѓанска војна од различни места во регионот, се споделуваат како да се направени за време на операцијата „Извор на мирот“.
Профили блиски до терористичката организација, фотографијата од сириската граѓанска војна во 2014 година на којашто мајка ги прегрнува своите деца се обидуваат да ја прикажат дека е направена за време на операцијата „Извор на мирот“.
Исто така, фотографијата од здравствен центар со деца погодени од воздушните напади во Идлиб во јули, профилите блиски до терористичката организација ја споделија со наслов „Последни фотографии од нападот на Турската армија“.

Фотографија од август 2016 година, повторно од Идлиб, каде што едно дете крвави како резултат на руските воздушни напади, пред меѓународната заедница со наслов на англиски беше прикажана дека е од операцијата „Извор на мирот“.

Фотографијата направена во мај 2014 година, во Алепо, на којашто Сириец носи мртво тело на дете, на социјалните медиуми со цел дезинформација беше прикажана дека е направена за време на операцијата „Извор на мирот“.

Приврзаниците на терористичката организација и за време на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ за манипулации и дезинформации користеа фотографии од војните и масакрите од целиот свет.