Fatma Esma Arslan
23 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Приврзаниците на терористичката организација ПЈД/ПКК на социјалните мрежи се обидоа со користење на монтирани фотографии од различни места и во различно време да нанесат штета на угледот на турската војска и операцијата „Маслинова гранка", јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу три нови фотографии споделени на социјалните мрежи со цел клеветење на Вооружените сили на Турција (ТВС) и операцијата Маслинова гранка се наоѓа и онаа со порака „Турција, тргни ја раката од Африн" , а за која е утврдено дека е снимена во текот на протестите во Чиле на 28 февруари 2014 година.

Утврдено е дека фотографијата под која е напишано „Турската војска краде маслиново масло во Африн" е всушност случај од Коња кога турските војници добија донација со мед.

Исто така, меѓу фотографиите кои имаат за цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка" е и онаа под називот „ЈПГ нападна турски тенк" на која на тенкот кој гори е монтирано турско знаме. Всушност, се работи за фотографија која е забележана во Саудиска Арабија.

И претходно приврзаниците на терористичката организација ПЈД/ПКК на социјалните мрежи се обидоа со користење на монтирани фотографии на Anadolu Agency (AA) снимени по ослободувањето на сириската планина Бурсеја од терористите, да извршат клеветење на операцијата „Маслинова гранка".
Меѓу фотографиите кои тогаш се поделени на социјалните мрежи со цел клеветење на Вооружените сили на Турција (ТСК) и операцијата Маслинова гранка се наоѓа и онаа со опис дека „деца во Африн се мета на ТСК". Вистина е дека спомнатата фотографија е користена со веста под наслов „Во Сирија 5,6 милиони деца соочени со хуманитарна криза" објавена на 12 март 2015 година.
Африн е сириски пограничен регион во кој турските вооружени сили и Слободната сириска војска (ФСА) од 20 јануари ја спроведуваат операцијата за неутрализација на терористичките елементи.
Операцијата се спроведува во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуцијата на Обединетите нации, особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
ПЈД/ЈПГ е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината 80-тите години од минатиот век води терористичка кампања против Турција.