Selen Temizer,Levent Tok
23 Февруари 2018•Ажурирај: 23 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија (ССА) во Африн, на површина поголема од 415 квадратни километри, од терористите ослободија 100 стратешки точки. Меѓу терористите во Африн и силите што учествуваат во операцијата „Маслинова гранка“ останаа 7 километри од северната страна на градот и 7,8 километри од запад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек се акциите што се спроведуваат во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ против терористичките организации ЈПГ/ПКК-ДЕАШ во Африн од северната, северозападната, западната и југозападната страна на градот.

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во своето обраќање на состанокот на проширената седница на обласните претседатели на партијата АК, рече дека во Африн се неутрализирани 1.873 терористи и ослободена е територија од 415 квадратни километри.
ТСК и Слободната војска на Сирија досега ослободија седиште на еден од петте појаси во Африн, 72 села, 6 селца, една терористичка база на ЈПГ/ПКК и 20 стратешки планини и ридови.
- Продолжуваат операциите со цел да се прекинат контактите со границата -
На 20 февруари соединети се појасот Булбул северно од Африн и градот Азаз, кој е под контрола на опозицијата, со што е прекинат контактот на терористите во Африн со пограничниот дел кон Турција и Килис.
Според картографските пресметки, од контактот со граничниот дел преостануваат да се расчистат 7 километри од север и 7,8 километри од запад.
ТСК и Слободната војска на Сирија продолжуваат со своите акции во Хаса, во граничниот предел наспроти турскиот град Хатај, со цел ослободување на 7 километри пограничен простор северно од Африн.
Од друга страна, во тек е напредувањето западно од Африн, со цел ослободување на преостанатото гранично подрачје од 7,8 километри спроти селото Акпинар во областа Хатај.