Bedrudin Brlyavac
23 Февруари 2018•Ажурирај: 24 Февруари 2018
КАРТУМ (АА) - Фоторепортерот на Anadolu Agency со својот објектив забележа многу интересни кадри од секојдневниот живот на жителите на Картум, главниот град на Судан, јавува Anadolu Agency (AA).
Вниманието на странците особено го привлекуваат таксистите коишто ги превезуваат патниците во малечки, но крајно симпатични трицикли, кои потсетуваат на некои минати времиња.
Освен тоа, едно од средствата на јавниот превоз што се употребува во овој град се и стари комбиња обоени во разни бои.
Во Картум, исто така, е воможно да забележите луѓе што управуваат запрежна кола влечена од магариња.
На улиците од овој град на голем број локации е возможно да се видат и трговци што продаваат лопати и друг рачен алат.
Фоторепортерот на АА во еден момент со својот објектив забележа и група момчиња кои трчаат по улица, што и не е така чудно, бидејќи оваа африканска земја има многу познати имиња во светската атлетика.
Картум се наоѓа на местото каде што Синиот и Белиот Нил се соединуваат во Нил.
Градот има пустинска клима. Температурите преку целата година се високи, а дожд врне само во периодот на двата летни месеци. Тоа е и причина поради која главен извор со вода на градот е реката Нил.
Судан се наоѓа во североисточниот дел на Африка. Според површината што ја зафаќа, претставува трета земја по големина на континентот. Североисточниот дел на земјата има крајбрежје на Црвеното Море во должина од 853 километри.